На 18 декември 2017 г. на Музичката академија на УГД во Штип концерт одржа камерното дуо Љубиша Кировски на виолина и Маја Шутевска-Кировска на пијано.

На програмата пред академската публиката тие се претставија со ретко изведуваната Соната од Б. Барток, потоа дела од А. Пјацола, како и три пиеси од музиката за филмот „Шиндлерова листа“ од Џ. Вилијамс. На бис дуото Кировски ги воодушеви присутните со нивната интерпретација на Ноктурното бр. 2 од Ф. Шопен.  

Од основањето (1993) до денес дуото има реализирано бројни настапи на фестивали во Македонија и во странство: САД, Англија, Германија, Швајцарија, Италија, Русија, Шведска, Полска, Кипар, Хрватска, Србија, Бугарија... Репертоарот на дуото опфаќа дела од барокот до музиката на 20 век со над 50 сонати за виолина и пијано. Имаат издадено три носачи на звук и се добитници на повеќе награди: Специјална награда на Ц.Е.И. на меѓународниот натпревар во Трст - Италија, најдобро дуо за сонати во Лозана, Швајцарија, Златна лира, Виртуози, Г. Божиков и други. 

Љ. Кировски бил концерт-мајстор на Македонската филхармонија и Македонската опера. Во моментов тој е редовен професор по виолина на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а М. Шутевска-Кировска е професор по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје.

Технички секретар

Лидија Јорданова
Тел: +389 32 550 200
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Невенка Ронкова

Тел: +389 32 550 081

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

д-р Снежана Бардарова

Тел: +389 32 550 986

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.