Студентите од Вокално-инструменталниот оддел на Музичката академија во Штип одржаа низа промотивни концерти низ Македонија. На високопрофесионално уметничко ниво и со голема посветеност и ентузијазам, студентите ја промовираа Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“  во Кочани, Штип и во Велес. Концертите предизвикаа голем интерес кај публиката, која со бурни аплаузи ги поздрави концертните настапи.

На концертите настапија студентите од Катедрата по пијано од класите на проф. д-р Татјана Џорлева, проф. д-р Милица Шкариќ, проф. д-р Ангеле Михајловски и проф. д-р Ема Потевска-Попивода, понатаму од класата по флејта на проф. м-р Златка Митева, класата по труба на доц. м-р Баже Костадинов, класата по кларинет на проф. д-р Бранко Павловски, класата по виолина на проф. м-р Софија Никоска, класата по камерна музика и корепетиција на доц. м-р Наташа Трбојевиќ, класата по гитара на проф. Дејан Лазаревски и класата по соло пеење на проф. Марјан Николовски.

Следуваат уште многу настапи на студентите од овој оддел, а во план е овие концертни турнеи да прераснат во традиција. Дел од студентите настапија во придружба на проф. м-р Наташа Трбојевиќ и проф. д-р Невенка Дуковска.


Технички секретар

Лидија Јорданова
Тел: +389 32 550 200
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Видан Лазарев

Тел: +389 32 550 063

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

д-р Снежана Бардарова

Тел: +389 32 550 986

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.