На 25.12.2015 година, понеделник, во фоајето на Македонската Опера и Балет, солистички концерт одржаа Бранко Павловски на кларинет и Емилија Потевска Попивода на пијано, во рамките на циклусот концерти „Pro Musica“ на Сојузот на Музички Уметници на Македонија.
Повеќе...На 18 октoмври во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип и на 26 октомври во Музејот „Борис Христов“ во Софија, Бугарија, се одржаа два концерти насловени „Вечер на македонски автори“, на кои беа изведени дела за флејта и пијано од македонски композитори од неколку генерации.
Повеќе...Професорите од Музичката академија при УГД, проф. м-р Златка Митева, проф. д-р Бранко Павловски и доц. м-р Наташа Трбојевиќ, на 8 ноември 2017 година одржаа целовечерен концерт на Музичката академија „Франц Лист“ во Печ, Унгарија, која има 450-годишна традиција од своето постоење.
Повеќе...Музичкото трио „Грациозо“ на 19 октомври се претстави пред многубројната публика во Кавадарци, каде што се претставија со палета на композиции од современата македонска културна ризница, како С. Стојков, Т. Зографски, Т. Скаловски, Д. Шуплевски, Т. Прокопиев и сплет од фолклорни македонски композиции во аранжман на С. Иванов.
Повеќе...