Home
Во рамките на одбележувањето на 13. по ред „Денови на македонската култура во Ниш“, во вторник, 15 септември 2026 год., свој концерт ќе имаат професорите од Музичката академија Татјана Џорлева и Ангеле Михајловски.
Настанот ќе се одржи во концертната сала на Факултетот за уметности во Ниш, а на репертоарот, освен од светски композитори, ќе бидат застапени и композициите „Y To My GTI Turbo Pride“ и „Повторна средба“ од македонските автори Дамјан Темков и Марјан Јанкоски, со што македонската музика ќе прозвучи на сцената во Ниш.
Пијано дуото Џорлева - Михајловски, веќе четврта година се присутни на домашната и меѓународна сцена, а нивниот уникатен репертоар во кој се содржани современи автори, популарни класици, како и македонска музика од 21 век, наидува на воодушевување кај публиката, каде и да настапуваат.
Концертот е во организација на Здружението на македонската заедница во Ниш - „Вардар“, Факултетот за уметности во Ниш и Градската Општина Медијана во Ниш.
