На интернационалниот натпревар „Балканска романсијада“ за млади оперски пејачи кој се одржа во Софија, Бугарија, студентот Давид Миладинов од класата на проф. м-р Борис Трајанов освои прва награда.
Read more ...Home
Лекторатот по македонски јазик при Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта имаше неколку активност поврзани со чествувањето на 35-годишнина од наставата на македонскиот јазик на Универзитетот ЕЛТЕ. Во библиотеката на Институтот за славистика и балтичка филологија, вчера, професор д-р Горанчо Ангелов од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип одржа предавање на тема „Македонски традиционални инструменти, органологија и употреба некогаш и денес“.
Read more ...Студентите од Музичката академија на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип во соработка со „Феимс оркестар“ настапија на отворање на 42. Skopje Jazz Festival кој се одржа вчеравечер (четврток, 19 октомври, НОБ, 20 часот) со реномираните 𝐉𝐚𝐧 𝐁𝐚𝐧𝐠, 𝐀𝐫𝐯𝐞 𝐇𝐞𝐧𝐫𝐢𝐤𝐬𝐞𝐧, 𝐈𝐧𝐠𝐚𝐫 𝐙𝐚𝐜𝐡, 𝐃𝐳𝐢𝐣𝐚𝐧 𝐄𝐦𝐢𝐧, 𝐅𝐚𝐦𝐞'𝐬 𝐈𝐧𝐬𝐭𝐢𝐭𝐮𝐭𝐞 𝐎𝐫𝐜𝐡𝐞𝐬𝐭𝐫𝐚.
Read more ...Традиционалната награда што Скопскиот џез фестивал ја доделува за најдобар млад македонски џез музичар годинава ја освои нашиот хиперактивен џез тапанар, импровизатор и композитор Драган Теодосиев. Тој е присутен на македонската музичка сцена веќе две децении, а своето музичко образование го стекнал во средно музичко училиште и на Одделот за џез музика на Факултетот за музичка уметност во Штип.
Read more ...