За академијата

Музичката академија е единствениот факултет во државата кој во фокусот на студиските програми ги вклучува музиката, инструментите и вокалната интерпретација на најизведуваните музички жанрови во државата и во светот – џез, класика и етно.

Музичката академија со своите оддели ги интегрира музичкото минато, сегашноста и иднината, нашата богата музичка традиција, музичката класика и алтернатива, но и различните погледи на музичкиот феномен, набљудувајќи ја музиката и како уметност и како наука. Затоа, веруваме дека ќе ја препознаете вашата иднина токму на нашата академија, каде што во рамките на додипломските и постдипломските студии ќе се здобиете со научна или уметничка титула, или ќе се специјализирате за некоја област што посебно ве интересира. Инвестирајте на вистинскиот начин и на вистинското место во својата иднина, зашто тоа ве прави конкурентни насекаде во светот.

 

Декан
Вон. Проф. м-р Антонијо Китановски
E-mail: antonijo.kitanoski@ugd.edu.mk
Телефон: +389 32 550 207

 

 
Продекан
Проф. м-р Владимир Јаневски
E-mail: vladimir.janevski@ugd.edu.mk
Телефон: +389 32 550 210