Со концерт на Емилија Потевска започна манифестацијата „Уметничка пролет“ на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Оваа манифестација се одржува по вторпат и е во рамките на одбележувањето на јубилејот 10 години УГД.

Потевска во Мултимедијалниот центар изведе композиции од македонскиот автор Димитрие Бужаровски, кои се базирани на македонски народни теми. Практично, македонските народни песни обработени во класична пијано верзија, со примеси на џез, експресионизам, импресионизам...

Публиката уживаше препознавајќи ги познатите македонски песни кои во минатото, но и денес се изведуваат и пеат. Дел од нив беа Зајди зајди, Калеш Анѓо, Шеќерна, Дали знаеш Милице и многу други. Според Потевска, овие изведби се и една сложена пијанистичка фактура којашто бара виртуозност за изведба и токму овие две компоненти, виртуозноста во стилот на Лист и Шопен, но и препознатливите македонски теми ги прават впечатливи, но и лесни и разбирливи за слушање за публиката.

Концертот беше своевидна најава на „Уметничка пролет“, следува настапот на Влатко Стефановски, Антонијо Китановски и Никола Ристановски на Свечената академија по повод 10 години УГД, во четврток (23 март), а потоа еден настан-изненадување во април.

Во мај ќе има настап на новосоздадениот Биг бенд. Крајот на семестарот Музичката академија на УГД ќе го одбележи со настап на отворено на некој познат македонски бенд од рок и поп музиката.

 

Технички секретар

Лидија Јорданова
Тел: +389 32 550 200
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Видан Лазарев

Тел: +389 32 550 063

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

д-р Снежана Бардарова

Тел: +389 32 550 986

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.