Лекторатот по македонски јазик при Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта имаше неколку активност поврзани со чествувањето на 35-годишнина од наставата на македонскиот јазик на Универзитетот ЕЛТЕ. Во библиотеката на Институтот за славистика и балтичка филологија, вчера, професор д-р Горанчо Ангелов од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип одржа предавање на тема „Македонски традиционални инструменти, органологија и употреба некогаш и денес“.

На предавањето, Ангелов ги претстави македонскиот фолклор и традиционалните инструменти, како и начинот на свирење.   
„Предавањето предизвика огромен интерес кај студентите, но беа присутни и голем број музичари кои се занимаваат со фолклор. Се разви долга дискусија, присутните прашуваа и бараа дополнителни информации за македонскиот фолклор, а изнесуваа и свои искуства и впечатоци за начинот на интерпретација на македонската изворна музика“, информира професорот Ангелов.
Во култното кафе „Живаго“ во Будимпешта, Горан Ангелов и унгарското дуо „БудаПесме“ изведоа и целовечерен концерт со македонски народни песни. Во изведбата на „БудаПесме“ и Горанчо Ангелов беа вклучени песни како „Зајди, зајди“, „Јано мори“, „Домаќине, добри гости ти дојдоа“, „Ибраим оџа“, „Благуњо дејче“ и многу други.

Лекторот по македонски јазик, Златко Панзов, истакна дека соработката помеѓу македонските и унгарските музичари ќе придонесе за поширока промоција на македонскиот фолклор во Унгарија и создавање на локални промотори, не само за фолклорот, туку и за македонската култура во целина.  

„Деновите на македонска култура во Будимпешта 2023“ беа организирани од Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта и Здружението на Унгарците на Македонија – „Теледом“, со поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Здружението за вина од Македонија од Скопје.

Технички секретар

Лидија Јорданова
Тел: +389 32 550 200
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Невенка Ронкова

Тел: +389 32 550 081

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

д-р Снежана Бардарова

Тел: +389 32 550 986

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.