Музичката академија при УГД - Штип со свој претставник, проф. д-р Валентина Велковска-Трајановска, продекан, учествуваше на „China-CEEC Forum of Music Academy Deans and Rectors 2023“ во Кина, како полноправен член на Унијата на музички академии.

Дел од учесниците на форумот проф. м-р Антонијо Китановски, проф. д-р Валентина Велковска-Трајановска, проф. д-р Ванг Руи, претседател на Џеџианг Конзерваториум за музика, Кина, проф. м-р Матеј Жупан, Академија за музика при Универзитетот во Љубљана, Словенија, проф. Донг Деџун, потпретседател на Џеџианг Конзерваториум за музика, Кина

      Музичката академија при УГД - Штип со свој претставник, проф. д-р Валентина Велковска-Трајановска, продекан, учествуваше на „China-CEEC Forum of Music Academy Deans and Rectors 2023“ во Кина, како полноправен член на Унијата на музички академии. Освен обраќањето од сите присутни ректори, декани и продекани со презентација на капацитетите и програмите што ги нудат музичките факултети и академии на Форумот се дискутираа предлози за идна соработка меѓу членките и можности за зајакнување на размената на студенти и наставнички кадар, со цел поквалитетно и сеопфатно образование на студентите. Присутните ја истакнаа благодарноста кон организаторот, Zhejiang Conservatory of Music, што исклучително успешно во изминатите шест години го организира Форумот и Фестивалот на музика и танц во Хангџоу, Кина. Иницијативата за овој извонреден настан произлегува од Третиот форум на министри за култура за соработка од областа на културата помеѓу Кина, централните и источните европски земји.

Учество на проф. д-р Валентина Велковска-Трајановска, професор на Музичка академија при УГД - Штип

Отворање на Форумот - учесници

      Како резултат на повеќегодишната извонредна соработка помеѓу Музичката академија при УГД - Штип и Zhejiang Conservatory of Music, проф. м-р Антонијо Китановски, основач на Биг-бендот на Конзерваториумот во Кина, беше избран за визитинг професор на Катедрата за џез музика на Zhejiang Conservatory of Music.

Проф. Донг Деџун, потпретседател на Џеџианг Конзерваториум за музика, Кина, проф. м-р Антонијо Китановски, професор на Музичка академија при УГД - Штип, проф. д-р Ванг Руи, претседател на Џеџианг Конзерваториум за музика, Кина

      На „China-CEEC Music & Dance Festival 2023“ учествуваа двајца професори од Музичката академија при УГД - Штип, проф. м-р Антонијо Китановски којшто го раководеше Биг-бендот на Zhejiang Conservatory of Music, составен од уметници и студенти од Конзерваториумот и од земјите членки на музичките факултети и академии од Форумот. Фестивалот претставува неповторлив настан во рамките на дејноста на сите членки, заради видот на соработката, можностите што ги разоткрива, но и поради отворањето на земјите членки во полето на културата.

China-CEEC Music & Dance Festival 2023  (Џез биг-бенд на China-CEEC Music Academy Union)

Освен обраќањето на Форумот, професорите од Музичката академија при УГД - Штип одржаа свои предавања на одделите од нивните области, проф. д-р Валентина Велковска-Трајановска на Одделот за композиција, проф. м-р Антонијо Китановски и доц. м-р Наташа Миха на Одделот за џез музика на Zhejiang Conservatory of Music во Кина.

Плакат за предавање

Предавање

Во рамките на сите настани беше организирана и посета на културните знаменитости на градот Хангџо. Учесниците имаа можност да ја пробаат традиционалната кинеска кујна, како и да посетат повеќе концерти организирани во дел од извонредните концертни сали на Конзерваториумот.

Технички секретар

Лидија Јорданова
Тел: +389 32 550 200
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Невенка Ронкова

Тел: +389 32 550 081

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

д-р Снежана Бардарова

Тел: +389 32 550 986

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.