Како дел од интернационалниот Еразмус+ проект #POMEM студенти од Музичката академија учествуваа на заеднички концерт. Проектот ги сплоти младите низ Европа преку моќта на музиката и направи кохезија помеѓу младите умови преку хармонијата на нотите.
Повеќе...На 21 септември, со концерт на Македонска филхармонија и нивните солисти, свечено беше отворен 46. Фестивал „Денови на македонска музика“, на кој настапија професорите од Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, проф. Златка Митева (флејта) и проф. Владимир Лазаревски (обоа).
Повеќе...На 20 јуни во Националната опера и балет се одржа гала концертот на млади оперски надежи „Коста Трпков“ на кој настапија студентите од Музичката академија при УГД, заедно со Оркестарот на Националната опера и балет под диригентската палка на Иван Еминовиќ.
Настапија следниве студенти:
Музичката академија при УГД најавува серијал на концерти на Универзитетскиот ансамбл насловен како „Македонија“ под слоганот „Поблиску до народот“. Концертите ќе се одржат во градовите Велес, Скопје, Крива Паланка, Кичево и Кратово.
Повеќе...Во периодот од 24 јуни до 7 јули 2023 година, пијанистката и професор по пијано на Музичката академија во Штип - проф.-д-р Ема Попивода одржа концертна турнеја во Јапонија заедно со јапонската пијанистка Асами Сате.
Повеќе...Во организација на Музичката академија и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, во понеделник - 5 јуни во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип, од 19 часот, започнува првото издание на Фестивалот за современа музика.
Повеќе...