Лекторатот по македонски јазик при Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта имаше неколку активност поврзани со чествувањето на 35-годишнина од наставата на македонскиот јазик на Универзитетот ЕЛТЕ. Во библиотеката на Институтот за славистика и балтичка филологија, вчера, професор д-р Горанчо Ангелов од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип одржа предавање на тема „Македонски традиционални инструменти, органологија и употреба некогаш и денес“.

Повеќе...

Традиционалната награда што Скопскиот џез фестивал ја доделува за најдобар млад македонски џез музичар годинава ја освои нашиот хиперактивен џез тапанар, импровизатор и композитор Драган Теодосиев. Тој е присутен на македонската музичка сцена веќе две децении, а своето музичко образование го стекнал во средно музичко училиште и на Одделот за џез музика на Факултетот за музичка уметност во Штип.

Повеќе...

Од 10 до 12 oктомври на CLARUS-(ICA) International Clarinet Academy  во Охрид - Македонија семинар одржа кларинетистот Fabio Di Casola еден од најфините и најпрестижни кларинетисти на својата генерација.

Повеќе...

Студентите од Музичката академија на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип во соработка со „Феимс оркестар“ настапија на отворање на 42. Skopje Jazz Festival  кој се одржа вчеравечер (четврток, 19 октомври, НОБ, 20 часот) со реномираните 𝐉𝐚𝐧 𝐁𝐚𝐧𝐠, 𝐀𝐫𝐯𝐞 𝐇𝐞𝐧𝐫𝐢𝐤𝐬𝐞𝐧, 𝐈𝐧𝐠𝐚𝐫 𝐙𝐚𝐜𝐡, 𝐃𝐳𝐢𝐣𝐚𝐧 𝐄𝐦𝐢𝐧, 𝐅𝐚𝐦𝐞'𝐬 𝐈𝐧𝐬𝐭𝐢𝐭𝐮𝐭𝐞 𝐎𝐫𝐜𝐡𝐞𝐬𝐭𝐫𝐚.

Повеќе...

Во петок, 20.10.2023 година, 16.00 ч., во просториите на тренинг-центарот на УГД ќе се одржи музичка работилница под наслов „ПРИЈАТЕЛСТВО ПРЕКУ МУЗИКА“.

Повеќе...

Како дел од интернационалниот Еразмус+ проект #POMEM студенти од Музичката академија учествуваа на заеднички концерт.  Проектот ги сплоти младите низ Европа преку моќта на музиката и направи кохезија помеѓу младите умови преку хармонијата на нотите.

Повеќе...

Технички секретар

Лидија Јорданова
Тел: +389 32 550 200
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Невенка Ронкова

Тел: +389 32 550 081

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

д-р Снежана Бардарова

Тел: +389 32 550 986

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.