На 18 октoмври во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип и на 26 октомври во Музејот „Борис Христов“ во Софија, Бугарија, се одржаа два концерти насловени „Вечер на македонски автори“, на кои беа изведени дела за флејта и пијано од македонски композитори од неколку генерации.
На концертите настапија Златка Митева на флејта и Наташа Трбојевиќ на пијано. Програмата ги опфти делата Соната од Стојан Стојков, Токатина од Гоце Гавриловски, композицијата Метеори на Валентина Велковска-Трајановска, Охридска пастрмка од А. Мелоти, Дијалог оп. 105 од Томислав Зографски, Варијации за флејта и пијано од композиторот Љубомир Бранѓолица и суитата Дојранка од Трајко Прокопиев.
Концертите беа поддржани од Министерството за култура на Република Македонија.