На 10 февруари 2024 година во малата сала на Филхармонијата се одржа концерт на Оркестарот на Европскиот оркестарски изведувачки институт „Фејм’с“ (Fame’s).  На концертот настапија и студенти на Музичка aкадемија на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип со реномираните Тимоти Редмонт и Хари Апс од Англија. 

Тимоти Редмонд активно диригира во Европа и во Соединетите Американски Држави. Професор е по диригирање во Училиштето за музика и драмски уметности Гилдхол, диригент и коосновач на концертната серија на Ројал Алберт Хол – My Great Orchestral AdventureTM и редовно гостува како диригент со Лондонскиот симфониски и Кралскиот филхармониски оркестар. Настапувал во Обединетото Кралство со BBC Симфонискиот оркестар, Шкотскиот симфониски оркестар, Бирмингенскиот симфониски оркестар и многу други. Бил музички директор во Филхармонијата на Кембриџ, Винстон – Салем симфонискиот оркестар и е главен диригент на програмата Know The Score (Royal Philharmonic Orchestra). Редмонд е редовен соработник на Институтот „Фејм’с“ и досега бил ментор на повеќе курсеви како дел од програмата.     

Хари Епс го остварува своето професионално деби како Мариус, како дел од турнејата во Велика Британија и Ирска на „Клетници“, пред да го оствари и своето Вест Енд деби во истата улога во Театарот Сондхајм. Други театарски улоги кои ги играл се: Тобиас во Sweeney Todd (West Green House Opera) и Мариус во Les Misérables: The Staged Concert (Sondheim Theatre). Концертно настапува и на The Darley Park Concert (Derby Live) и последно настапува заедно со Бернадет Питерс и Леа Салонга на Stephen Sondheim’s Old Friends продукцијата на Театарот Гилгуд.

Европскиот оркестарски изведувачки институт „Фејм’с“ (Fame’s) претставува музички образовен центар којшто е создаден во рамките на компанијата „Фејм’с“ (Fame’s) која се занимава со професионално снимање и продукција на музика.           

Технички секретар

Лидија Јорданова
Тел: +389 32 550 200
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Невенка Ронкова

Тел: +389 32 550 081

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

д-р Снежана Бардарова

Тел: +389 32 550 986

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.