Концерт под наслов „Звукот на идните генерации“ на кој настапуваат студентите од Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев" - Штип ќе се одржи во Македонска филхармонија на 13 јуни (четврток) во 20 часот, во големата сала на Филхармонија.
Настапот е заеднички меѓу студентите и Македонската филхармонија.
Настапуваат Александра Кировска - гитара од класата на проф. м-р Дејан Лазаревски и Нина Крагуевска - кларинет од класата на проф. д-р Бранко Павловски.