Од 23 до 27 април на Музичката академија во Љубљана се одржа 3. Меѓународен фестивал за флејта „Flauta & Me“, каде што активно учествуваа сите музички академии од регионот (Словенија, БиХ, Хрватска, Црна Гора, Србија и Македонија).

Студентите од класата на проф. м-р Златка Митева од Музичка академија на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Кирил Тасев, Ина Иванова, Соња Ралева и Биљана Биљарска, како претставници на Македонија, одлично се претставија на овој значаен настан настапувајќи на концертот на Македонија со пијано придружба на проф. м-р Наташа Трбојевиќ, каде што присуствуваше и амбасадорот на РС Македонија во Словенија, Н.Е. Горан Милевски. Студентите имаа можност да бидат активни учесници на сите работилници, предавања и семинари.

Учествуваа и проф. д-р Стефанија Лешкова-Зеленковска и проф. д-р Валентина Велковска-Трајановска преку Еразмус програмата. 

Во склоп на фестивалот се одржа и панел-дискусија на тема „FLUTE Today and Tomorrow: Challenges in Sustaining interest in Music in the Region“, каде што проф. м-р Златка Митева учествуваше како панел учесник во дискусијата.

Технички секретар

Лидија Јорданова
Тел: +389 32 550 200
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Невенка Ронкова

Тел: +389 32 550 081

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

д-р Снежана Бардарова

Тел: +389 32 550 986

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.