
На 14. издание на Фестивалот „BALKAN MUSIC SQUARE“ во Аудиокултура во Скопје на првата вечер настапија студентите од Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“.
Студентите од Одделот за џез студии ја продолжуваат својата серија концерти во Аудиокултура. На концертот настапија, Сара Ташкоска - вокал, Тезан Хајретин - гитара, Јован Цветковиќ - пијано, Емил Ејупи - бас гитара и Андреј Николов - тапани. Фестивалот потоа продолжува традиционално во Охрид на 20 и 21 јуни.