На 26.11.2025 г., во рамките на XIII Меѓународен натпревар по камерна музика 2025 кој оваа година се одржа во Кавадарци, студентите Кирил Тасев, Ина Иванова, Благица Блажевска, Иван Богатинов, Давид Петрушев и Бојан Ѓорѓиевски од класите по камерна музика на проф. м-р Златка Митева и проф. д-р Бранко Павловски освоија први награди.
Честитки за студентите и нивните ментори за посветеноста, истрајноста и вложениот труд, со желби за уште поголеми успеси во иднина.





