Минатата недела во рамките на Меѓународниот натпревар „Сергеј Михајлов“, студентите од класата по флејта на проф. м-р Златка Митева и класата по кларинет на проф. д-р Бранко Павловски освоија:
- Кирил Тасев - Grand Prix на натпреварот во категорија флејта;
- Ина Иванова - Прва награда во категорија флејта;
- Бојан Георгиевски - Прва награда во категорија кларинет;
- Давид Петрушев - Прва награда во категорија кларинет.
Студентите настапија во пијано придружба на проф. м-р Наташа Трбојевиќ.
Огромни честитки за нивниот успех и одличното претставување на натпреварот.




