„Фестивалот за современа музика 2026“ е посветен на промоција на светското и на домашно исполнителство и творештво.

Во рамките на овогодишната програма фестивалот во својот традиционален пролетен термин од 12 до 14 мај ќе понуди три камерни концерти, на кои ќе настапат реномирани странски и домашни уметници кои своето уметничко реноме го градат на светските концертни подиуми.

Просторот на Уметничката галерија „Безистен“ во Штип овој пат ќе го облагородат звуците на познатиот камерен состав „Трио Академико“, кои го чествуваат својот 15-годишен јубилеј на концертна активност на класичната сцена. Македонската тројка е составена од истакнатите уметници: Златка Митева - флејта, Бранко Павловски - кларинет и Наташа Трбојевиќ - пијано, коишто ќе го отворат фестивалот на 12 мај.

Американското дуо Вилијам Блејни – кларинет и диригент и Пет Такахаши - ес кларинет ни доаѓаат од Сиетл, Орегон, со долгогодишно искуство како професори на престижниот Универзитет „Мариленд“ во Балтимор, САД, кои на втората концертна вечер на 13 мај ќе настапат со ансамбл кларинети. Концертите ќе донесат богата, нова и свежа музичка програма, вклучувајќи и премиерни дела, со што Штип ќе го донесе духот на новото музичко живеење во светот.

Во рамките на својата редовна концертна програма „Фестивалот за современа музика 2026“ традиционално ќе го отстапи својот подиум и на младите уметници, под наслов „Вечер на подиум на млади“, со цел нивна промоција и афирмација на почетокот на нивната концертна кариера. Можноста да го претстават својот талент на професионално ниво е особено значајна за младите музичари и нивниот понатамошен развој и напредок на уметничкиот пат. На третата концертна вечер на 14 мај ќе настапат студентите на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.

Технички секретар

Лидија Јорданова
Тел: +389 32 550 200
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Невенка Ронкова

Тел: +389 32 550 081

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

д-р Снежана Бардарова

Тел: +389 32 550 986

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.