Џез одделот при Музичката академија – УГД, Штип, активно учествува во реализацијата на Интернационалниот џез фестивал „Jazz Factory Festival“ преку концерти на професорите и студентите на одделот.
Фестивалот ќе се одржи од 18 до 21 мај 2018 година во Битола, а Музичката академија при УГД со свои настапи ќе ја претставуваат Антонијо Китановски, Сашо Поповски, Васил Хаџиманов, Иван Бејков и Виктор Филиповски.
Водени од идејата за културна децентрализација во Република Македонија, како и концертна промоција на Музичката академија, одделот активно се вклучува и во делот на работилници и дискусии со културните работници и новинарите. Овој тип на фестивали се база за формирање на млада публика, споделување на искуства од реномирани артисти, музички маркетинг и букинг, како и зголемување на интересот кај идните кандидати на одделите на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.