Флејтистката Тамара Лазарова, студентка на Музичка академија при Универзитет „Гоце Делчев“, освои прва награда на Меѓународниот натпревар „Полихимнија“ во Скопје, кој се одржа на 30 март во Даут-пашин амам во Скопје. Тамара Лазарова се натпреваруваше во категорија за флејта.
Тамара Лазарова е студентка во класата на проф. м-р Златка Митева, под чие менторство се одвиваа повеќемесечните подготовки за натпреварот. Тамара Лазарова на натпреварот во Скопје настапи во пијано придружба на доц. д-р Невенка Дуковска. Оваа награда е уште една потврда за квалитетот и успешната работа на Музичката академија при УГД.