Проф. д-р Милица Шкариќ ќе одржи предавање и мастерклас по пијано на 28 и 29 април на Музичката академија во Монс, Белгија.
На мастеркласот ќе учествуваат пијанисти од Белгија, Франција, Албанија и од Македонија со дела од Бах, Прокофјев, Шопен, Албениц, Шуман и др. Покрај мастеркласот, проф. д-р Шкариќ ќе одржи и предавање на тема „Интерпретација на оригиналниот Бахов текст (Уртекст) на пијаното“. Предавањето ќе се одржи на француски јазик.