Студентите на Катедрата за етнокореологија при Музичката академија обединети во Ансамблот „Македонија“ со целовечерен перформанс на традиционална музика и игра ги освоија срцата на публиката во Прилеп.
Уметниците изведувајќи ги сценските адаптации „Остана постана“, „Седнал Марко“, „Гачки“, „Каршијак“, орото Чангулово изнудија позитивни критики, а со сценската адаптација „Шетнала се Јана“ која беше вратена на бис добија стоечки аплаузи. Уживајте во дел од фотографиите.