Студентите и магистрантите од класата на проф. д-р Емилија Потевска-Попивода активно работеа и во време на самоизолација. Приспособувајќи се на новиот привремен начин на комуникација и одржување на концерти, го подготвија видеоконцертот „Во светот на чудата“.
Иако беше вистински предизвик да се работи преку онлајн видеочасови и да се реализира аудио и видео снимање, пијанистките Карла Биков, Жана Џибулова и Елена Ефремова успешно го реализираа овој концертен проект. На програмата се изведоа композиции за пијано и дел од циклусот „Во светот на чудата“ на композиторката Ана Пандевска, коj може да го следи и најмладата публика.
Видеопремиерата на концертот се одржа на 24 мај 2020 година во 18 часот, а линкот за следење останува активен и понатаму. Се надеваме дека набрзо овој концерт ќе се реализира во живо пред бројна публика, велат од Музичката академија при УГД.