39. издание на Скопски џез фестивал се одржува од 14 до 17 октомври, со концерти во живо на познати изведувачи од Македонија и од Европа.
Концертите се одржуваат во салата на Националната опера и балет. Меѓу претставниците од Македонија во голем дел учествуваат и музичари кои биле или се дел од Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
На 15 октомври (среда), во 21.45 часот, настап ќе имаат Антонио Китановски и неговиот Litle big band, а во сабота, 17 октомври, концерт на Сашо Поповски трио, кои во рамките на фестивалот ќе го промовираат и својот петти албум.
Годинава, сите концерти ќе бидат пренесувани во живо на Македонската телевизија, а обезбеден е и стриминг на следниов линк: