Уште еден успешен настап на кларинетистот Бранко Павловски, професор на Музичката академија при УГД во Штип.

Во рамките на овогодинешното издание на фестивалот „Скопско Лето  2021“ во Музејот на македонската борба пред многубројната публика со Концерт насловен „Моцарт и кларинетот“ настапи Бранко Павловски на кларинет и ансамблот „Полифонија“ предводен од виолинистката Сања Шуплевска заедно со гостите Јулиа Хагер (пијано) Германија, Станислава Алаѓозовски (виолина) Србија, Сашка Крстиќ (виола) Србија и Кирил Калмиков (виолончело) Канада.

На програмата беа изведени дела од Волфганг Амадеус Моцарт: Триото „Кегелштат“ и популарниот Кларинет квинтет, едно од најраните дела напишани за овој инструмент и кое до ден денес се вбројува во најзначајните и највоодушевувачки дела на славниот композитор. Бранко Павловски е македонски кларинетист со интернационална кариера и реноме кој настапува во САД, Франција, Англија, Германија, Чешка, Полска, Унгарија, Италија, Турција, Бугарија, Грција, Хрватска, Србија и Македонија. Истотака, Павловски е лауреат на повеќе државни и меѓународни натпревари по музика и има добиено повеќе награди и признанија за врвни уметнички достигнувања.

Технички секретар

Лидија Јорданова
Тел: +389 32 550 200
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Невенка Ронкова

Тел: +389 32 550 081

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

д-р Снежана Бардарова

Тел: +389 32 550 986

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.