Џез одделот на Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип преку настапот на професорот Сашо Поповски вторпат ќе биде дел од еден од најголемите европски настани посветен на џез индустријата.
Станува збор за „Jazz Across Borders“ (JAB) (Џез преку границите), кој е годишен меѓународен форум-фест во Санкт Петербург, еден од најголемите настани во Европа посветен на професионалните прашања од џез-индустријата. Основач и претседател е народниот уметник на Русија Игор Бутман.
Ова е прва и единствена професионална платформа во Русија за средба со претставници на домашната и светската џез заедница. Форум-фестот „Jazz Across Borders“ годинава ќе се одржи онлајн на 13 и 14 ноември (http://jazzrussia.com). Учесници се: Igor Butman, Dee Dee Bridgewater, Lee Ritenour, Arlette Hovinga, Luigi Sidero, Petar Dimitrov, Leo Borokov...
Проф. Сашо Поповски од Музичката академија вторпат ќе учествува на оваа конференција заедно со студенти од Џез одделот.