Студентите на Музичка академија при УГД, заедно со своите професори, утре (7.6.2017 г.) во 20 часот ќе одржат концерт во просториите на Музичката академија.
Концертот ќе биде предводен од студентите на Етнокореологија, но ќе настапат и студентите на Џез студии, затоа што и тие изучуваат дел од предметите кои се однесуваат на традиционалните македонски инструменти.
Според најавата на професорот Горанчо Ангелов, концерот ќе биде интересна комбинација на џез и народни инструменти, во кој ќе има доста импровизација и атракција за сите посетители.
Повеќе за настапот погледнете во интервјуто со Горанчо Ангелов, професор на Музичка академија.