Име и презиме:  Христијан Николовски

Факултет и студиска насока: Музичка академија , студиска програма по Етнокорологија

Тековна професија: Редовно вработен како наставник во ДМБУЦ „Илија Николовски -Луј“ во Скопје и хонорарно ангажиран како насловен доцент на Музичката академија при „УГД“ Штип на катедрата за етнокореологија.

Место на вработување: ДМБУЦ „Илија Николовски -Луј“ и Универзитет „Гоце Делчев“- Штип

Животно мото:  - Успехот е резултат на трудот и работата!

Мојот рецепт за успех се состои од: Желба, работа, упорност, реалност и никогаш откажување од својата цел...

Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: Да го поминам патот и системот на едукативниот процес во етнокореологијата со цел вистинско запознавање на традиционалната култура.

Со УГД се дружев: 5  години

Факултетот и насоката ги избрав затоа што: Уште како дете бев во водите на фолклорот и како што поминуваа годините сфатив дека еден ден професионално ќе се занимавам со тоа. Единствена таква прилика за професионална и стручна надоградба видов во студиската програма по Етнокореологија со соодветен стручен кадар која опфаќа повеќе полиња, како што се Етнокореологија, Етномузикологија и Народни инструменти.

Праксата на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во: Ансамблот Македонија

Од студиите на УГД, за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: Искуството како уметник во Ансамбл Македонија под раководство на проф. д-р Владимир Јаневски, кој исто така е и основоположник на катедрата за Етнокореологија на Музичката Академија, при „УГД“ – Штип.

Книга или настан од студентските денови кој засекогаш ќе го паметам: Уште во втора година на моите студии, посебен настан за мене и за студентите при катедрата за Етнокореологија беше 45 дневната турнеја во Јапонија со одржани 28 целовечерни концерти во 28 различни градови.

Мудрост споделена од професор/ка на предавања која ми остави најголем впечаток во животот: Сакајте ја и почитувајте ја традицијата.

Совет за младите како идни студенти: Никогаш не дозволувајте да се откажете од целта што веќе еднаш сте ја поставиле.

За повеќе информации за можностите кои ги нуди УГД, посетете ја нашата веб страна: https://www.ugd.edu.mk/index.php

Повеќе успешни приказни од студентите на УГД, може да најдете на следниов линк: https://life.ugd.edu.mk/index.php/studenti

Детални информации за студиската насока и факултетот се достапни на следниот линк: https://ma.ugd.edu.mk/documents/1-ciklus/etnokoreologija-studiska.pdf

Едукативни и информативни колумни од нашите професори може да најдете на следниов линк: https://life.ugd.edu.mk/index.php/nauka

Технички секретар

Лидија Јорданова
Тел: +389 32 550 200
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Невенка Ронкова

Тел: +389 32 550 081

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

д-р Снежана Бардарова

Тел: +389 32 550 986

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.