Меморандуми за соработка потпишаа УГД и Музичката академија со ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ - Штип и Сојузот на композитори на Македонија. 

  - УГД и Музичката академија потпиша меморандуми за соработка со ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ - Штип и Сојузот на композитори на Македонија. Ние и досега имавме соработка со Државното средно музичко училиште, но еве денес ја официјализираме, потврдуваме дека соработката ќе продолжи и понатаму, со подолгорочни планови, каде што ќе бидат вклучени и средношколците, нашите студенти. Ќе има заеднички проекти од сферата на музиката, како што се јавни културни настани, концерти, разни државни и меѓународни проекти – изјави проф. д-р Златка Митева, деканка на Музичката академија на УГД.

  Според проф. Митева, оваа соработка ќе биде од значење и за промовирање на Музичката академија меѓу средношколците од Музичкото училиште, од кое доаѓаат и значаен дел од студентите.

  - Ние веќе подготвуваме настан, ги отвораме вратите на Музичката академија, каде што ќе имаме промоција на 7 март. Сите заинтересирани ќе можат да ја посетат Академијата, да се запознаат со сите оддели, наставни програми, програмата за приемни испити. Инаку потпишувањето на меморандумот за соработка е од голема полза и за средношколците и студенти, бидејќи тоа е вмрежување кое ни е многу потребно за развивање на музичката култура во општината и во целата држава – вели деканката Митева.

Технички секретар

Лидија Јорданова
Тел: +389 32 550 200
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Невенка Ронкова

Тел: +389 32 550 081

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

д-р Снежана Бардарова

Тел: +389 32 550 986

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.