На 14 март во концертната барокна сала на Конзерваториумот за музика „Јан Дејл“ во Прага, Република Чешка, професорите од Музичка академија при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, проф. м-р Златка Митева, проф. м-р Наташа Трбојевиќ и проф. д-р Бранко Павловски, одржаа целовечерен концерт. На програмата беа интерпретирани дела од различни стилски епохи и македонски композитори.
На концертот покрај редовната публика присуствуваа и амбасадорот на Република Македонија, Н.Е. г. Сашко Тодоровски и други државни претставници од дипломатски кор, како и претставници од Македонската заедница во Прага.
Покрај концертот, професорите иницираа соработка со Универзитетот за уметност и музика во Острава, Република Чешка.