Во организација на Музичката академија и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, во понеделник - 5 јуни во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип, од 19 часот, започнува првото издание на Фестивалот за современа музика.

Фестивалот ќе има цел да промовира млади и талентирани уметници од земјава и од странство, сегашни и идни студенти кои ќе настапуваат во рамките на  фестивалот,  но воедно ѝ нуди можност на македонската публика да слушне настапи и концерти на веќе афирмирани уметници.
Идејата за формирање и реализација на првиот фестивал за современа музика е резултат на потребата на македонските артисти и широкиот аудиториум за следење на светските музички трендови во областа на музичката уметност.
Во својата програма, првото издание на фестивалот води пред сѐ кон промоција на класичната музика на 19 и 20 век и современата музика.
На првата фестивалска вечер, 5 јуни од 19 часот, во УГ „Безистен“ ќе настапи реномираното камерно трио „Трио Академико“ во состав Златка Митева – флејта, Бранко Павловски – кларинет и Наташа Трбојевиќ – пијано. На репертоарот ќе бидат изведени дела од Евазен, Кавалини, Шмит, Сен-Санс и Јанковски.
На втората фестивалска вечер, 6 јуни од 19 часот, исто во УГ „Безистен“ ќе настапат најдобрите студенти на Музичката академија кои ќе се претстават со дела од различни композитори и епохи.

Технички секретар

Лидија Јорданова
Тел: +389 32 550 200
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Невенка Ронкова

Тел: +389 32 550 081

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

д-р Снежана Бардарова

Тел: +389 32 550 986

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.