Во периодот од 24 јуни до 7 јули 2023 година, пијанистката и професор по пијано на Музичката академија во Штип - проф.-д-р Ема Попивода одржа концертна турнеја во Јапонија заедно со јапонската пијанистка Асами Сате.

Концертите за два клавира кои се одржаа во повеќе градови во Јапонија, и тоа Утсуномија, Точиги, Чигасаки и Токио, беа во знакот на одбележување на 30 години дипломатски односи помеѓу Јапонија и Македонија, како и за одбележување на 60 г. од катастрофалниот земјотрес во Скопје и 110 г. од раѓањето на архитектот Кензо Танге. Завршниот концерт од турнејата се одржа во Токио, во една од најпрестижните концертни сали во светот – Сантори хол. На овој концерт беше присутна и делегација од македонското Министерство за надворешни работи, а поздравен говор одржаа г. Филип Тосевски – генерален секретар на МНР во Македонија и г. Норијуки Шиката – генерален секретар во кабинетот на премиерот на Јапонија.

На програмата се изведоа дела од класичната литература од Дебиси, Сен Санс, Равел, но и од јапонскиот композитор Мијоши. Како една од највпечатливите композиции на концертот беше композицијата за два клавира „Дали паметиш Милице“ на македонскиот композитор Димитрије Бужаровски. Концертите беа поздравени со бурни аплаузи и стоечки овации, со покана за повторно учество во следните години.

Пијано дуото Сате – Попивода одржа и промотивни концерти низ неколку училишта и музички факултети во Јапонија, каде што јапонските ученици имаа можност да се запознаат со нашата земја, со македонската култура и уметност. Покрај концертната дејност, Попивода оствари средба и со учениците и проф. Ајома од јапонското училиште Таканава, кои со голема љубов го изучуваат македонскиот јазик и култура. Понатаму се оствари и средба со Пол Норитака Танге, син на познатиот архитект Кензо Танге, со кого се разменија значајни информации за периодот на изградбата на Скопје по земјотресот и придонесот на Јапонија за поддршка во неговата реизградба.

Оваа значајна турнеја продолжува во насока кон градење на поцврсти односи во областа на културата меѓу Македонија и Јапонија и создавање можност за меѓууниверзитетска соработка.

Технички секретар

Лидија Јорданова
Тел: +389 32 550 200
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Невенка Ронкова

Тел: +389 32 550 081

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

д-р Снежана Бардарова

Тел: +389 32 550 986

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.