На 21 септември, со концерт на Македонска филхармонија и нивните солисти, свечено беше отворен 46. Фестивал „Денови на македонска музика“, на кој настапија професорите од Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, проф. Златка Митева (флејта) и проф. Владимир Лазаревски (обоа).
На програмата беа изведени дела од македонските композитори Тома Манчев, Томислав Зографски, Благоја Ивановски и Александар Лековски.
Како селектор и организатор на концертот беше проф. Валентина Велковска-Трајановска, исто така професор на Музичката академија во Штип, а воедно и претседател на Сојузот на композитори на Македонија – СОКОМ.