Музичката академија при УГД најавува серијал на концерти на Универзитетскиот ансамбл насловен како „Македонија“ под слоганот „Поблиску до народот“. Концертите ќе се одржат во градовите Велес, Скопје, Крива Паланка, Кичево и Кратово.
Преку серијалот на концерти, публиката ќе има можност да се запознае со Музичката академија, со Универзитетот и со можностите што ги нуди.
Публиката ќе има можност да ужива во традиционалните вредности преку музиката, играта, носијата...
Ве очекуваме!