Универзитетот „Гоце Делчев“ организира Фестивал на перкусии на светот, а како дел од настанот ќе гостува Баба Сисоко од Мали.

Реномираниот перкусионист ќе настапи заедно со професорот на Музичката академија Тони Китановски и ДЈ Гоце.

Настанот е предвиден за четврток (23 ноември 2023 г.) во Мултимедијалниот центар на УГД, а влезот е слободен.

Од 12 часот се одржува мастер клас за сите заинтересирани млади уметници, а концертот е предвиден во 20 часот.

Баба Сисоко е роден и живеел во Бамако, Мали. Уште како дете свирел тамани, на различни традиционални церемонии. Во 1985 година тој бил на меѓународна турнеја со престижниот оркестар Инструментален ансамбл на Мали, свирејќи на тамани и нгони. Во 1991 година го основал своето трио „Баба Сисоко и Таман Кан“ и започнал интензивно да соработува со врвни уметници од целиот свет. Неговата работа со Хабиб Којте е забележителна, бидејќи нивната соработка траела 12 години и била позната низ целиот свет. Во 1995 година, Баба Сисоко го издал својот прв албум со Тама-Кан.

Триото ги слави сопствените култури (Мандинг, луѓето од Бамбара, Сонраи, Јоруба и Конго), а вклучува и блуз, џез и рок елементи.

До денес, Баба Сисоко снимил и издал повеќе од пет албуми. Тој, исто така, предавал традиционален тапан во Брисел (Белгија) и водел конференции за Универзитетот во Калабрија – Центар за уметност, музика и спектакл во Италија. Тој живеел во Италија од крајот на 90-тите години на минатиот век.

Во 2015 година соработува со DJ Khalab на албумот „Khalab & Baba“. Во 2017 година, тој соработува со Mighty Mo Rodgers на албумот „Griot Blues“.

Технички секретар

Лидија Јорданова
Тел: +389 32 550 200
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Невенка Ронкова

Тел: +389 32 550 081

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

д-р Снежана Бардарова

Тел: +389 32 550 986

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.