Музичката академија при УГД е домаќин на декани и ректори на музичките академии членки на Иницијативата „17 +1“ (земјите од Централна и од Источна Европа и НР Кина).

Оваа Иницијатива во РСМ организира Форум кој започна на 20 ноември во „Порта Македонија“ во Скопје, а вториот дел се одржа на Музичката академија при УГД. Инаку, првиот ваков форум се одржа пред две години на Конзерваториумот „Жејанг“ во Хангџу во НР Кина.

Деканот на Музичката академија, проф. д-р Антонијо Китановски, изјави дека овие два дена се прави договор за тоа што ќе се работи во наредните две години.

Ќе работиме на заеднички оперски проекти, џез оркестри, турнеи, натпревари по композиција, размена на студенти и професори, практично планираме доста интензивна и амбициозна агенда. Функционираме веќе две години и имаме реализирано доста активности: посета на студенти во Кина и нивни студенти кај нас, Катедрата за современ танц на УГД имаше настап во Кина, така што се работи, само разговараме за дополнително интензивирање - изјави Китановски.

Претставниците на Конзерваториумот „Жејанг“ во Кина изразија задоволство од можноста да се реализира културна размена и да се работи на заеднички проекти. Татјана Кркељиќ од Музичката академија во Цетиње, Црна Гора, изрази задоволство од организацијата на Форумот.

Сакам да му се заблагодарам на колегата Китановски за организацијата, прекрасната енергија што ја почувствувавме. Освен што сме културни пратеници, ние сме педагози и професори, и мислам дека иницијативите за кои говоревме и се договоривме овие два дена во значајна мера ќе помогнат за унапредување на наставниот процес, а и за многу културни настани кои ќе уследат – вели Кркељиќ.

За време на Форумот учесниците беа примени и од Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски.

Технички секретар

Лидија Јорданова
Тел: +389 32 550 200
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Невенка Ронкова

Тел: +389 32 550 081

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

д-р Снежана Бардарова

Тел: +389 32 550 986

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.