Професорот Анте Милиќ од Универзитетот во Загреб одржа неколку предавања во рамките на семинар за студенти и средношколци во Штип. Тој изминатата недела преку програмата Еразмус е гостин на УГД и Музичката академија каде што одржа семинар и концерт на кој присуствувале студенти од академијата, но и средношколци од Штип и Скопје.

- Среќен сум што сум овде, а тука сум како последица на студентка од Штип која дојде на размена во Загреб и работеше со мене. Таа предложи јас да дојдам овде и еве сега сум овде како резултат на таа иницијатива, изјави професорот Анте Милиќ.

Семинарот кој се одржа во Штип се однесуваше на класичната музика, а рециталот кој професорот го одржа во концертната сала на Музичката академија се однесуваше на презентација на некои хрватски автори, но и автори од класичната музика.

- Во текот на сите овие денови се одржуваше тој мастер клас кој беше посетен и од средношколци и од студенти. Мислам дека импресиите од студентите се очигледно позитивни. Се работеше од технички аспект, но и отварање на некои нови имагинативни светови за нив, изјави проф. Д-р Ангеле Михајловски.

Професорот Милиќ е овде како резултат на иницијатива на студентката Карла Биков од Музичката академија која минатата година била на Еразмус размена во Загреб, а токму професорот Милиќ и бил професор по пијано.

 

Технички секретар

Лидија Јорданова
Тел: +389 32 550 200
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Невенка Ронкова

Тел: +389 32 550 081

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

д-р Снежана Бардарова

Тел: +389 32 550 986

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.