Професорите од Музичката академија при УГД, проф. м-р Златка Митева, проф. д-р Бранко Павловски и доц. м-р Наташа Трбојевиќ, на 8 ноември 2017 година одржаа целовечерен концерт на Музичката академија „Франц Лист“ во Печ, Унгарија, која има 450-годишна традиција од своето постоење.
Повеќе...Музичкото трио „Грациозо“ на 19 октомври се претстави пред многубројната публика во Кавадарци, каде што се претставија со палета на композиции од современата македонска културна ризница, како С. Стојков, Т. Зографски, Т. Скаловски, Д. Шуплевски, Т. Прокопиев и сплет од фолклорни македонски композиции во аранжман на С. Иванов.
Повеќе...Државната награда „11 Октомври“ за 2017 година ја добија музичкиот уметник Влатко Стефановски и историчарот проф. д-р Амет Шериф. Стефановски ја доби наградата за животно дело во областа на културата и уметноста, а Шериф во областа на науката и образованието.
Повеќе...На 18 октoмври во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип и на 26 октомври во Музејот „Борис Христов“ во Софија, Бугарија, се одржаа два концерти насловени „Вечер на македонски автори“, на кои беа изведени дела за флејта и пијано од македонски композитори од неколку генерации.
Повеќе...Признанието „Golden Oryx“, што за достигнувања во полето на културата го доделува „Катар ервејс“, годинава му беше врачено на Виктор Филиповски кој во изминатиов период се истакна како тапанар на повеќе состави.
Повеќе...Со концерт на Емилија Потевска започна манифестацијата „Уметничка пролет“ на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Оваа манифестација се одржува по вторпат и е во рамките на одбележувањето на јубилејот 10 години УГД.
Повеќе...